Хроника 03. мај 2020. / 13:17

Две неексплодирани гранати пронашле припадниците на АРМ

Две неексплодирани гранати пронашле припадниците на АРМ

На 30.04.2020 во 08,00 часот во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, било пријавено дека од припадници на Армијата на РМ, во правец на Стојаково-Селемли, во близина на манастир „Св.Трифун“, биле пронајдени две неексплодирани гранати.

Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување -Струмица, пронајдените експлозивни направи биле подигнати за понатамошна постапка.