Хроника 14. октомври 2018. / 11:43

Две лица уапсени на граничните премини

Две лица уапсени на граничните премини

При редовна контрола на граничните премини во Македонија се уапсени две лица.

Имено, вчера во 22:50 часот на Граничен премин „Деве Баир“, при редовна контрола било констатирано дека 32-годишниот А.К. од Република Турција, кој управувал товарно возило „Мерцедес“ со приколка со турска национална ознака на увид приложил фалсификувани зелени карти за осигурување од автоодговорност. А.К. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Истиот ден, претпладнето во 11:10 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, поради постоење основи на сомнение за фалсификуван сериски број на шасија на патничко возило „Фолксваген Пасат“ со косовски регистарски ознаки, бил приведен 42-годишниот Џ.Б. од Косово. Во 12.40 часот тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.