Хроника 02. октомври 2018. / 09:18

Две лица тешко повредени во 13 сообраќајки

Еден пешак и еден сопатник се здобиле со тешки телесни повреди, а осум лица со лесни телесни повреди во седум од вкупно 13 сообраќајни незгоди на подрачјето на Град Скопје.

Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 27 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, еден возач под дејство на алкохол, 14 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца почетници. Од сообраќај се исклучени и две возила кои биле технички неисправни и 17 нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 59 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 64 возила.

Полицијата санкционирала и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство за минување на пешаците, еден за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување.