Хроника 29. јануари 2020. / 18:04

Две лица приведени за лажна дојава за бомба во Сити Мол

Две лица приведени за лажна дојава за бомба во Сити Мол

Две лица се приведени за лажното пријавување на подметната бомба денес во трговскиот центар Сити мол, напиша заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска на „Фејсбук“.

Против нив ќе биде поднесена кривична пријава, додава министерката.

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје, потврди и МВР.

Оттаму соопштија дека се приведени две лица на возраст од 19 години и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски екипи со кучиња трагачи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.

Поладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба.