Хроника 17. април 2019. / 11:39

Две лица каснати од кучиња скитници

Две лица каснати од кучиња скитници

Вчера во 23.55 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.П. (45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21 часот на улица „Серска” бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Вчера исто така во 15.15 часот во Полициската станица Центар, В.П.(49) од Скопје пријавил дека на 15.04.2019 година околу 12 часот на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.