Хроника 03. септември 2019. / 12:05

Две лица каснати од куче во Скопје

Две лица каснати од куче во Скопје

Две лица биле каснати од куче во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Во 11.30 часот во полициската станица Гази Баба, 62-годишниот М.М. од Скопје пријавил дека на улицата „Париска комуна“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. Во 15.30 часот во пoлициската станица Бит Пазар, 48-годишниот Ќ.И. од Скопје пријавил дека на улицата „Павле Илиќ“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница – информираат од МВР.