Хроника 06. април 2018. / 13:21

Две физички лица нападнати во сендвичара на ул. ,,Никола Карев” во Скопје

Две физички лица нападнати во сендвичара на ул. ,,Никола Карев” во Скопје

Четири непознати лица изутрината во 4.30 часот во сендвичара на ул ,,Никола Карев” во Скопје, физички ги нападнале Ј.Б (33) и неговиот другар А.Н.

Како што информира МВР, случајот во полиција денес го пријавил Ј.Б.

Додека Ј.Б и неговиот другар А.Н седеле на маса, забележале како непознати лица сакале да крадат пијалаци од фрижидерот и ги предупредиле дека тоа не е во ред. Веднаш потоа лицата дошле до нив и физички ги нападнале.

Полицијата работи на расчистување на случајот.