На подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење во периодот од 21 часот во петок до седум часот во недела, информираат од МВР.
Од министерството нагласуваат дека се преземени мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.
Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до пет часот во понеделник.
МВР апелира до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.