Тешка сообраќајна несреќа се случила во Скопје, по што со тешки повреди се здобиле двајца возачи.
Завчера во 20:35 часот на улица „1632“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.Ј. од Скопје, и патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот А.П. од Скопје.
По незгодата, двајцата возачи со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. На Д.Ј. му биле константирани тешки телесни повреди, додека на А.П. му биле константирани телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.