Денеска околу 15.15 часот во Електро-машинското училиште во Охрид настанала физичка пресметка меѓу ученици, во која 18-годишно момче извадил гасен пиштол и ранил ученик во десната рака. Потоа пиштолџијата си пукал во главата и здобил полесни повреди и е пренесен во болницата во Охрид.
Повредените се згрижени во болница, а полицијата започнала истрага.