Хроника 23. август 2019. / 10:09

Двајца странски државјани приведени на скопскиот аеродром

Двајца странски државјани приведени на скопскиот аеродром

Две лица се приведени вчера на „Меѓународен аеродром Скопје“ при влез во земјава.

Од МВР информираат дека вчера во 17,30 часот при вршење на пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р.Србија евидира со мерка “А” (апси).

Второто уапсено лице е 61 годишниот Р.С. од Турција. По 21 часот при негова контрола била констатирана мерка „Апси“.

Двете лица се предадени на СВР Скопје за понатамошна постапка.