Хроника 25. февруари 2019. / 10:39

Двајца скопјани повредени, возило излета од коловозот

Двајца скопјани повредени, возило излета од коловозот

На 24.02.2019 година околу 19:15 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, патничко „Шкода фелиција“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(51) од Скопје, излетало од коловозот.

По незгодата, возачот З.Р. и сопатникот А.Н.(59) од Скопје со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде на А.Н. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на возачот му биле константирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.