Хроника 22. јануари 2020. / 12:57

Двајца рекетари нападнале скопјанец и му го одзеле возилото

Двајца рекетари нападнале скопјанец и му го одзеле возилото

Фатени двајца рекетери во Скопје. Имено, единицата за насилен криминал при скопската полиција поднела кривична пријава против двајца скопјани на возраст од 29 и 28 години поради сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Од МВР информираат дека рекетарите на 14 јануари физички нападнале 60-годишен скопјанец во неговиот дом по што му го одзеле автомобилот „Форд Ескорт“.

Полицијата по преземени мерки, ги пронашла и уапсила лицата, а врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на еден од нив.

Одземеното возило било пронајдено, а во присуство на јавен обвинител било извршено и препознавање на пријавените.