Хроника 01. август 2018. / 12:26

Двајца работници се повредени откако машина паднала врз нив

Двајца работници се повредени откако машина паднала врз нив

Двајца работници се повредени откако машина паднала врз нив. Според полицијата, вчера околу 19.30 часот било пријавено во приватна фирма на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, Е.М. (37) од Скопје со вилушкар се доближил до товарно возило „Сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со цел да се истовари една машина која била во камионот.

Ја товариле машината во вилушкарот и ја врзеле со каиш. Откако го паркирал вилушкарот се доближиле двајца возачи во друга приватна фирма. При обид да ја истовараат, машината паднала врз нив. Со возило на Итна медицинск апомош Н.И.(43) од тетовското село Требош е префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Вториот возач – С.С. (60) од селото Мала Речица префрлен во Градска општа болница „8-ми Септември“ и кај него биле констатирани тешки телесни повреди. И двајцата биле задржани на понатамошно лекување. За настанот бил известен Државен инспекторат за труд.

Се работи на расчистување на случајот.