Околу 15,20 часот вчера во Скопје на крстосница од улица „Водњанска“ и „50-та Дивизија“, автобус на ЈСП бр. 50 управуван од 53-годишниот М.М. од Скопје нагло прикочил за да не удри во друго возило кое излегло пред него при што со повреди се здобиле патници во автобусот.
Се работи за В.А.(60) и К.С. (52) двете од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде по укажана лекарска помош на К.С. и биле констатирани телесни повреди и истата била пуштена на домашно лекување, а на В.А. и биле констатирани тешки телесни повреди.