Хроника

Двајца пешаци тешко повредени во Тетово

Двајца пешаци тешко повредени во Тетово

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19.30 часот на кружниот тек на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово.

Од МВР информираат дека патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(30) од Тетово, удрило во двајца пешаци од Тетово на возраст од 15 и 18 години.

-Повредените пешаци биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната помош биле задржани за понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Tетово.