Хроника 22. јули 2018. / 11:35

Двајца пешаци прегазени во Карпош

Двајца пешаци прегазени во Карпош

Вчера во 10,35 на улица „Стокхолмска“ во Скопје, патничко моторно возило „Цитроен Џампер“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.И.(37) од Скопје удрил во пешаците Н.Т.(55) од Скопје и С.С.(53) од Р.Србија.

По незгодата на местото на настанот излегла екипа на Итна медицинска помош каде на пешаците им била укажана прва помош на самото место по што Н.Т. била пренесена во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.