Двајца параглајдеристи паднаа попладневно на Галичица, од кои едниот е потешко повреден, а другиот полесно, објави ОхридПрес.
Според првичните информации, повредените летале во тандем и биле државјани на Украина.
Истите биле пронајдени на територијата на Албанија, а акцијата за нивно спасување е во тек.