Двајца жители на тетовското село Џепчиште вчера во 20 часот, во време кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на цела Македонија, се движеле пеш, информираат од ОЈО Тетово.
Од Обвинителството додаваат дека со тоа дејствие, обвинетите го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Тетово.
За обвинетите, Основното јавно обвинителство Тетово со Предлогот за издавање казнен налог побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби.