Два нови случаи со каснување од куче се пријавени вчера во Скопје.
На 26.12.2018 година во 11:15 часот во Полициската станица Центар 60-годишниот А.П. од Скопје, пријавил дека на 25.12.2018 година околу 11:30 часот додека возел велосипед на Кеј “13-ти Ноември“ бил каснат од куче- скитник за десната нога.
Истиот ден во 11:25 часот во Полициската станица Центар 55-годишниот Р.З. од Скопје пријавил дека на 25.12.2018 година околу 12:45 часот на плоштад Македонија бил каснат од куче-скитник во пределот на десната надколеница.