Хроника 01. јули 2018. / 20:39

Дваесетгодишно момче и 16 годишно девојче исчезнаа вчера во Скопје

Дваесетгодишно момче и 16 годишно девојче исчезнаа вчера во Скопје

Од Министерстово за внатрешни работи информираат дека две млади лица вчера биле пријавени за исчезнати.

Како што информираат од МВР синоќа околу 23,30 часот во Полициската станица Чаир Т.М.(45) пријавил дека истиот ден околу 19,00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16 годишна ќерка.

Исто така, вчера во 08,30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров С.С.(54) пријавил дека на 25.06.2018 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот син М.С.(20).

Од МВР информираат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата.