Хроника 04. август 2019. / 16:52

Два пожари го зафатија штипско

Два пожари го зафатија штипско

Во штипско-карбинскиот регион по жетвените активности интензивно се палат стрништата.

Секторот за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден регистрирал два пожара, од кои едниот е покрај регионалниот пат Штип – Плачковица во атарот на селото Нов Карорман.

Во поранешен блок на краварска фарма, настанал пожар во кој било опожарено стрниште и нискостеблести растенија. Противпожарната единица интевенирала и го изгаснала пожарот.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, информираше дека вториот пожар бил вчера во 14.40 часот. Пожарот бил пријавен во кочанското село Бели, на место викано Побиен камен, каде што била зафатена борова шума и сува трева.

Во 19.30 часот екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани го локализирале пожарот.