Хроника 29. јуни 2020. / 15:46

Два пожара во Кичево

Два пожара во Кичево

Во две кичевски села вчера биле опожарени два хектари сено и еден трактор. На двата одвоени пожари интервенирала Територијалната противпожарна единица која ги локализирала и изгаснала.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, вчера во 10:30 часот, во месноста „Бајрамова нива“, атар на кичевското село Трапчин Дол, бил опожарен трактор сопственост на Н.Р.(50) од истото село. Пожарот бил изгаснат.

Тој додаде дека исто така вчера во 12:55 часот, во нива во атарот на кичевското село Вранештица, сопственост на М.Р.(49) од истото село, во пожар целосно изгореле околу два хектари сено и ниско стеблеста вегетација. По интервенција на територијалната против пжарна единица пожарот бил локализиран.