Вратите од канцеларијата на фирмата „Дурмо Турс“ во Гостивар денеска под клуч, но автобусите возат по редовен распоред, пренесе Канал5.
Од „Дурмо турс“ изразија длабоко сочувство за немилион настан.
Од министерството за транспорт кои ги издаваат потребните лиценци за работа уверуваат дека фирмата досега работела регуларно.
Инаку Транспорт на компанијата и одобрила 4 лиценци. Две општински и две меѓународни, а поседува и лиценци за два возни реда.
Една од Гостивар кон Скопје која е со важност до 03.07.2020та и уште една за релација Скопје – Гостивар со важност до 18.02.2023 та година.
Од понеделник до петок, од Скопје кон Гостивар и обратно, автобусот патува во 9 термини.
„Дурмо турс“ е компанија која поседува 40 возила, а има 36 пријавени возачи кои ги имаат потребните сертификати.
Од министерството за внатрешни велат дека фирмата редовно посетувала технички прегледи.
Автобусот тргнал во 16:15 часот.