Хроника 03. февруари 2021. / 14:33

ДСЗИ поднесе иницијатива до струшкото ОЈО за случајот со гинекологот Асани

ДСЗИ поднесе иницијатива до струшкото ОЈО за случајот со гинекологот Асани

За надзорот за струшката болница и случајот со д-р Асани , директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова на денешата прес-конференција на Инспекцискиот совет одговорајќи на новинарско прашање, рече дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја завршли целата законска постапка и дека на 26 јануари е испратена информација со иницијатива до струшкото основно јавно обвинителсство.

– Со тоа, како што истакна, се завршени и се затвораат законските можности што ги има Државниот санитарен и здравствен инспекторат што ги има.

За стручниот надзор, посочи дека одговор треба да се бара во Лекарската комора која го врши надзорот.