Хроника 06. август 2018. / 13:58

Државјанки на Албанија и Косово нелегално вработени во угостителски објект во Желино

Државјанки на Албанија и Косово нелегално вработени во угостителски објект во Желино

Пет женски лица од кои три странски државјанки – две од Република Албанија и една од Косово, како и две македонски државјанки биле затекнати при акциска контрола во угостителски објект во село Желино.

Полицијата соопшти дека локалот бил во сопственост на 41-годишниот Ј.Ф. од Желино, кој заедно со жените бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.