Хроника 07. октомври 2018. / 16:13

Дрвокрадци нападнале полицајци кај Македонски Брод

Дрвокрадци нападнале полицајци кај Македонски Брод

Дрвокрадци нападнале полицајци отккао биле затекнати како транспортирале бесправно исечени дрва, вчера во атарот на селото Дворци, кај Македонски Брод.

Според МВР, вчера во 21.30 часот, во месноста Стрмол, во атар на селото Дворци, биле затеканти А.М., Н.Н. и Е.Ф., додека со трактор транспортирале бесправно исечени огревни дрва.

Кога полицајците продолжиле кон селото Пеглово биле престренати од група граѓани кои им го попречиле движењето, а во еден момент нападнале еден од полицајците.

Полицијата привела двајца и го расчистува случајот.