Хроника 20. јуни 2018. / 17:50

Драма за малолетник во Сингелиќ – син му се вратил дома претепан

Драма за малолетник во Сингелиќ – син му се вратил дома претепан

Скопјанец вчера се јавил во полиција и пријавил дека му го претепале малолетниот син.

Се работи за 50-годишниот И.М. кој вчера во 21:00 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека дента во 19:30 часот на улицата „22“ во село Сингелиќ, неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од страна на лицата И.М., М.М., И.М. и уште неколку непознати лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.