Хроника

Драма во Зелениково: Наставничка нападна директорка во основно училиште

Драма во Зелениково: Наставничка нападна директорка во основно училиште

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 10:30 било пријавено дека истиот ден околу 10:10 часот во основно училиште во село Зелениково се случила тепачка помеѓу директорката на училиштето и вработена наставничка.

Како што информираат од МВР, во ходникот пред канцеларијата на директорката, вработена наставничка, по претходна вербална расправија, физички ја нападнала директорката.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.