Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 10:30 било пријавено дека истиот ден околу 10:10 часот во основно училиште во село Зелениково се случила тепачка помеѓу директорката на училиштето и вработена наставничка.
Како што информираат од МВР, во ходникот пред канцеларијата на директорката, вработена наставничка, по претходна вербална расправија, физички ја нападнала директорката.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.