Ноќеска околу 02.45 часот во Тетово на крстосницата од ул. „Иво Рибар Лола“ со ул. „Страшо Пинџур“, поточно пред угостителски објект, полициски службеници од СВР-Тетово забележале две непознати лица кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.
При преземањето мерки со цел спречување на нарушувањето, едно од лицата го нападнало полицискиот службеник. Лицето било приведено во СВР-Тетово, каде бил утврден идентитетот, односно дека се работи за М.Н. (29) од Тетово и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Известен е јавен обвинител.