Хроника 04. јуни 2018. / 16:27

Драма во Струга: Возач туркал полицаец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 27- годишниот Б.П од село Добовјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 24.04.2018 година во Струга на кружниот тек при сообраќајна контрола на возило управувано од пријавениот, тој започнал да вика и да го турка полицискиот службеник по што влегол во возилото и со голема брзина го напуштил местото на настанот.