Во Полициската станица во Струга било пријавено дека две лица на улицата „Партизанска“, вршат испукување со пушка према езерото.
СВР Охрид денеска соопшти дека известувањето стигнало на 31 октомври оваа година, во 15 часот и 10 минути.
Од СВР Охрид појаснија дека по брзо излегување на посоченото место, полициските службеници ги затекнале В.И. (33) и А.Л. (27), двајцата од Струга, пришто, од А.Л. одземена е воздушна пушка- Д1 категорија односно пневматско оружје марка „Гам- ХУНТЕР ИГМ“ калибар 4,5 милиметри и кутивче со 70 патрони и дозвола.
По извршен разговор во полициската станица во Струга, на А.Л. согласно одредбите на Законот за оружје, изречена му е глоба во висина од 600 до 1.000 евра.