Хроника 20. октомври 2018. / 15:12

Драма во Струга: Кршел во казино и им се заканувал на полицајци

Драма во Струга: Кршел во казино и им се заканувал на полицајци

Хаотична вчерашна вечер во Струга откако бил приведен 45-годишниот П.К. околу 19:30 часот пред казино лоцирано на улицата Маршал Тито.

Но, она што следувало претходно создало вистински неред. Влегол во казиното и со закани кон благајникот почнал да бара пари, по што почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата.

Полициските службеници пристигнале брзо на местото на настанот, па продолжил да им се заканува и на нив притоа фрлајќи предмети со кои го оштетил предното стакло од полициското возило. Во еден момент приведениот се фатил за торба и се заканувал дека ќе активира бомба.

Тој набрзо бил совладан и лишен од слобода.