Хроника 13. декември 2019. / 16:49

Драма во Скопје: Се скарал со соседот во ходник од зграда а тој му вперил автоматска пушка

Драма во Скопје: Се скарал со соседот во ходник од зграда а тој му вперил автоматска пушка

На 12.12.2019 во 15.30 час. А. Д. пријавил дека во зграда на ул.„Тодор Александров“ во Скопје неговиот сосед Т.Д., по кратка вербална расправија, во ходникот на зградата извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него.

Полициски службеници веднаш по добивање на пријавата излегле на местото на настанот.

Во домот на Т.Д. се пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, кои се одземени. Т.Д. е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.