Хроника 05. септември 2018. / 10:19

Драма во Скопје: Ја избодел сопругата со нож, па барал помош

Драма во Скопје: Ја избодел сопругата со нож, па барал помош

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 54-годишниот Б.А. од Скопје поради за „убиство во обид во вршење семејно насилство”.

Тој во семејниот дом, по кратка вербална расправија со неговата сопруга, 52-годишната П.В. со нож и нанел убодна рана во пределот на стомакот.

Бидејќи П.В. многу крварела сопругот побарал помош од нивниот зет за ќерка и со неговото возило ја однеле П.В. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што била задржана за понатамошно лекување.

Полициски службеници извршиле разговор со оштетената, по што Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.