Во текот на вчерашниот ден во 19:00 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Мирче Ацев“ и улицата „Вита Поп Јорданова“ во Штип, се случила сообраќајна несреќа, каде предизвикана е материјална штета.
Патничко моторно возило управувано од 26-годишен возач под дејство на алкохол најпрво удрил во тезга за продажба на производи, а потоа и во две паркирани возила, при што дошло до нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем.
Имено дошло до тепачка помеѓу предизвикувачот на сообраќајната незгода и двајцата сопатници од неговото возило од една и сопственикот на тезгата и негови двајца роднини од друга страна кои во меѓувреме пристигнале на негов повик.
Околу 19:10 часот заради воспоставување на јавниот ред и мир и контрола над учесниците во тепачката кои се оглушувале на дадените усни наредби да престанат со дејствијата, од страна на полициски службеник од службениот пиштол бил испукан еден предупредувачки истрел во воздух.