Хроника 19. мај 2018. / 14:28

Драма во Пехчево: Украл автомобил, излетал од коловозот и влегол во двор

Драма во Пехчево: Украл автомобил, излетал од коловозот и влегол во двор

По полноќ од страна на непознато лице од улица “Првомајска” во Пехчево, одземено е патничко моторно возило “ТАМ-комбе” сопственост на лицето A.Ѓ.(37) од Пехчево.

Сторителот откако го одзел возилото се упатил кон улица “18-ти Август” и на крстосницата изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и со возилото влегол во дворното место пред куќа, по што го напуштил местото на настанот.

Извршен е увид, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.