На 07.04.2018 година во 03.50 часот, вработен како обезбедување во ноќен клуб во Битола пријавил во полициска станица дека пред ноќниот клуб со возило дошле две непознати лица од кои едното излегло од возилото и почнало да пцуе и вика по обезбедувањето. После тоа се упатил кон влезот на клубот, но пријавителот не му дозволил да влезе внатре. Веднаш потоа, лицето со тупаница го удрил во пределот на главата. Од обезбедувањето лицето било совладано и настанот бил пријавен во полиција. Полициски службеници излегле на местото и ги привеле М.Н. (38) од Ресен, а живее во с.Јанкоец , и И.С. (28) од Битола.
Драма во ноќен клуб во Битола: Сакал да влезе во клубот, па се степал со обезбедувањето
