Хроника 07. јуни 2019. / 17:29

Драма во крушевско: Ги врзал сопругата и ќерката и ги однел во Психијатриска болница

Драма во крушевско: Ги врзал сопругата и ќерката и ги однел во Психијатриска болница

Семејна драма се одиграла вчера во крушевско село.

Како што информира МВР, вчера во 21:15 часот во СВР Битола било пријавено дека во крушевско село, во куќата сопственост на 65-годишен маж, тој ги врзал неговата 27-годишна ќерка и неговата 52-годишна сопруга, по што насилно ги внел во неговото патничко возило и ги однел во Психијатриска болница во Демир Хисар.

65-годишниот маж бил приведен во Полициската станица Демир Хисар и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.