Хроника 14. мај 2018. / 14:03

Драма во Кавадарци: Ја нападнал поранешната девојка и го претепал нејзиниот другар

Драма во Кавадарци: Ја нападнал поранешната девојка и го претепал нејзиниот другар

Кавадарчанец денеска ја нападнал својата поранешна девојка и физички се пресметал со другарот кој ја придружувал во центарот на градот.

– Девојката со другарка и нејзиниот сопруг се паркирале во централното градско подрачје. Во тој момент дошол оставениот дечко и почнал да ја тегне поранешната девојка. Другарот дошол на помош, па двајцата мажи размениле по некој бокс, раскажаа очевидци.

Сите се приведени во полиција и се работи на расветлување на случајот. Настанот го потврди Димитар Каракулев, самостоен инспектор за превенција.

(МИА)