Хроника 09. мај 2018. / 15:25

Драма во Гостивар: Со тупаници си ги истепал родителите

Драма во Гостивар: Со тупаници си ги истепал родителите

Ноќеска во 02.15 часот, Џ.М. (61) од Гостивар пријавил семејно насилство што го извршил неговиот син Х.М.(30).

Х.М. најпрво започнал вербално да се расправа со неговиот татко, а потоа физички ги нападнал своите родители, повеќе пати удирајќи ги со тупаници по главите и телата.

Набрзо по пријавувањето, Х.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.