Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 70-годишниот Л.У. од село Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.
На 03.10.2018 година околу 07:10 часот во кафетерија на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, по претходна вербална расправија, пријавениот упатил закани кон З.Р.(40), Б.К.(27) и Т.Ф.(49), сите од село Добридол, при што извадил и пиштол, кој го носел со себе. При преглед над пријавениот полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Глок” и рамка со 13 куршуми калибар 9 мм.