Хроника 05. април 2018. / 11:54

Драма во Драчево – жена се обиде да се самозапали пред нејзиниот син

Драма во Драчево – жена се обиде да се самозапали пред нејзиниот син

Вчера во 22.50 часот во Полициска станица Драчево дошла 40-годишна жена од Скопје и рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот.

Во станица бил повикан и нејзиниот син, а жената додека разговарала со сменоводителот, во присуство на нејзиниот син, извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали, но била спречена во намерата.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во душевната болница Бардовци.