Хроника 07. април 2018. / 12:37

Драма во болницата во Велес: Сакал да се пресмета со докторите, па нападнал полицајци

Драма во болницата во Велес: Сакал да се пресмета со докторите, па нападнал полицајци

Во ходникот на Хируршкото одделение во Општата болница-Велес, вчера околу 10.15 часот, Д.А. (22) од Велес почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал, сакајќи да се пресмета со нив.

На местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и ги нападнал и полициските службеници.

Д.А. бил приведен во СВР Велес.

Се работи на расчистување на случајот.