Битолчанец ја запалил куќата на својот брат поради претходна расправија.
Синоќа, поради засега не познати причини, едно лице брат на сопственикот на куќата скришно му ја запалил неговата куќа додека во неа било целото семејство, дознава Орбис.
Пожарот го забележале комшиите, но тој веќе бил развиен и ја зафатил целата куќа. Веднаш излегле надвор и почнале да викаат по соседите, за да ја напуштат куќата. Очевидци за Орбис раскажуваат дека малку фалело да се случи семејтна трагедија.
Од големите пламени јазици биле зафатени четири куќи.
Од СВР Битола ја потврдија информацијата и велат дека наскоро ќе излезат со дополнителни информации.