Хроника 17. ноември 2018. / 22:25

Драма на патот кон Тетово: Го истепал зошто го претекнал

Драма на патот кон Тетово: Го истепал зошто го претекнал

Вчера, попладне, И.К.(47) од село Раковец пријавил физички напад извршен врз него на регионалниот пат село Пирок – Тетово од страна на непознато лице кое управувало патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки.

Имено пријавителот околу 16:30 часот движејќи се со своето такси – комбе по регионален пат село Пирок – Тетово, кај село Боговиње го претекнал возилото„опел“ по што лицето му го блокирало патот излегло од возилото и физички го нападнал И.К. упатувајќи му навредливи зборови.

На И.К. му е укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.