Вистинска драма се случувала пладнево на локалниот пат Батинци – Драчево каде имало физичка пресметка меѓу две лица каде се користело и огнено оружје.
На 14.01.2021 во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект на во с.Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу Н.К.(68) и Х.К.(32), кои биле со патничко возило „голф“, од една страна и Н.Р.(48) и М.Р.(30), кои биле со патничко возило „шкода“, од друга страна, при што било употребено и огнено оружје.
Притоа со повреди се здобиле Н.К. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Четирите лица се лишени од слобода, а обезбедени се и нивните возила и оружјето.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.