Хроника 17. септември 2018. / 11:22

Драма на Бит Пазар: Со кундак претепале таксист

Драма на Бит Пазар: Со кундак претепале таксист

Таксист бил претепан со кундак и железо на Бит Пазар во Скопје, од засега непознати лица, кои веднаш по нападот избегале, објави ТВ 21.

Таксистот со возило на итна помош е префрлан во скопските клиники.

Од телевизијата јавуваат дека автомобилот на напаѓачите е со гостиварски регистарски таблични и полицијата се обидува да ги фати. Причините за нападот засега не се познати, а повеќе детали се очекуваат подоцна.