Во изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 48 лица не ја почитувале забраната за движење, при што лишени од слобода се 38 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 6995 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 591 прекршок во изминатото деноноќие.
Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 416 контроли во објекти при што евидентиран е 1 објект кој не ги почитувал одлуките на владата.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 166 лица им се издадени решенија за изолација, а 197 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 7 лица кои не ги почитувале овие мерки.
Во државен карантин спроведени се 82 лица.